СЕМЕЈСТВО (FIAT)RED
ИСТРАЖИ ГИ СИТЕ ВЕРЗИИ
СЕМЕЈСТВОТО Е НАША ИНСПИРАЦИЈА
(RED) и Fiat: уникатна соработка создадена за справување со итни настани поврзани со здравјето, како што се пандемиите, при која со купување на автомобил од семејството на (Panda)RED ја прави оваа серија најетичка и најпосебна. (RED) е организација која поддржува итни постапки при глобални здравствени настани, како што се СИДА и КОВИД: секој пат кога се купува производ (RED), се активира донација во глобалниот фонд за поддршка на низа услуги како што се превенција, третман, советување, тестирање, образование и помош на заедниците на кои им е најпотребна. Ете зашто со гордост се придруживме на ова движење и го создадовме семејството на (FIAT)RED: за да секој купувач се чувствува како дел од овој конкретен гест. Fiat, Jeep и RAM се обврзаа, преку партнерството со (RED) и преку него, да донираат минимум 4 милиони долари на Глобалниот фонд помеѓу 2021 и 2023 година за да помогнат во борбата за справување со итни настани поврзани со здравјето како СОВИД-19 и СИДА. Секое (FIAT) RED возило е (RED) производ и е дел од оваа обврска.
СКРОЕНИ ЗА ТВОЈАТА БЛАГОСОТОЈБА
Семејството (FIAT)RED обезбедува нова, уште похигиенска средина, за да престојуваш во поздрава внатрешност на автомобилот, со целосно новиот комплет производи (FIAT)RED Kit.
ФИЛТЕР ЗА ВНАТРЕШНОСТА
Филтерот за воздух на клима-уредот е третиран со биоцидна супстанца со високо-ефективно дејство (>99,9 % во моментот на третманот) против бактерии, спречувајќи повторна аеросолизација во кабината на возилото. Врз ефикасноста на третманот влијаат условите за користење на автомобилот и, во секој случај, филтерот мора да се замени како што е наведено во планот за одржување на возилото.
СЕДИШТА
Штофот за седиштата е обработен со биоцидна супстанца со високо-ефективно дејство (до 95% во моментот на третманот*) против вируси и бактерии, со продолжена заштита со текот на времето (**).
(*) Овие проценти се однесуваат на централниот дел на седиштето (седечко перниче и грбен потпирач). Потпирачите за глава се исклучени од третманот.
(**) Според лабораториските тестирања, извршени според внатрешните спецификации на Куќата, каде се симулирани условите за користење на седиштето, намалувањето на вирусите и бактериите останува над 90% и по 6.000 циклуси на симулирана употреба.
ВОЛАН
Тапацирот на воланот е обработен со биоцидна супстанца со високо ефективно дејство (> 99,9 % во моментот на третманот) против бактерии и габи, со продолжена заштита со текот на времето (*).
(*) Според лабораториските тестирања, извршени според внатрешните спецификации на Куќата, каде се симулирани условите за користење на воланот, намалувањето на вирусите и бактериите останува над 99,9% и по 3.000 циклуси на симулирана употреба.
БАГАЖНИК
Тапацирот во багажникот на 500X како и патосницата на платформата во багажникот на 500 и Panda е обработен со биоцидна супстанца со високо ефективно дејство (> 99,99 % во моментот на третманот) против вируси, со продолжена заштита со текот на времето (*)
(*) Според лабораториските тестирања, извршени според внатрешните спецификации на Куќата, каде се симулирани условите за користење на воланот, намалувањето на вирусите останува над 99.99% и по 800 циклуси на симулирана употреба.
(RED)ИЗАЈНИРАЈ ЈА ТВОЈАТА ПРИКАЗНА И ПОКАЖИ ЈА ТВОЈАТА ВИСТИНСКА БОЈА
(500)RED & (500C )RED
Кога избираш Fiat (500)RED, избираш автомобил кој се издвојува со неговиот уникатен дизајн, неговата боја и елеганција. Избираш да возиш икона и истовремено да им помогнеш на луѓето кои за тоа имаат потреба. Таквиот избор може да го направи светот подобро место за живеење.(500X)RED
Твојата следна авантура нека биде RED. Новиот (500X)RED те очекува со црвено-обоените детали: задниот дел на ретровизорите, капаците на тркалата и (RED) логото на B-столбот.(PANDA)RED & (TIPO)RED
(FIAT)RED семејството се проширува и на моделите (PANDA)RED и (TIPO)RED. Со DRL LED предни светла и светла за магла, повеќе нема мрак за твојата (PANDA)RED. Или пак, уживај во деталите во бојата на мразот Ice Matte на твоето (TIPO)RED , како што се шипките за товар на покривот, маската под браниците, страничните спојлери, инсерти во долната решетка, рамките на светлата за магла и рачките на вратите.ОТКРИЈ ГО (RED)ЕФИНИРАНИОТ КОМФОР
Новите црни седишта или пак црвени, со монограм Fiat се направени од SEAQUAL® MARINE PLASTIC**, која се добива од пластичниот отпад собран од морињата и океаните, со црни или црвени шевови и со извезено лого (RED).(1) SEAQUAL® MARINE PLASTIC е обновлив материјал , целосно достапен, создаден благодарение на SEAQUAL INITIATIVE и добиен од собраните пластични отпадоци во морињата и океаните. SEAQUAL® MARINE PLASTIC е 100% изработен од ваквиот материјал. 23%* од штофот на седиштата е исто така изработен од SEAQUAL® YARN којшто содржи 10% SEAQUAL® MARINE PLASTIC.
*Процентот се однесува на целосното седиште.