Skip to content Skip to navigation

ПЕРИОДИЧНО СЕРВИСИРАЊЕ И ОДРЖУВАЊЕ

Правилното одржување на возилото е од исклучителна важност за да се обезбеди Вашето возило да работи во оптимални услови и да ги задржи своите перформанси во што подолг временски период.

Заради тоа производителот препорачува програма за одржување на возилото која се состои од точно определени работи кои треба да се извршат во определен временски период или пак доколку е експлоатацијата на возилото позасилена тие операции се вршат после поминат одреден број на километри.
Работите кои се програмирани со таа шема се дадени во Упатството за користење и се поделени во одржувачко-сервисни операции кои се вршат на (30.000) 40.000, (60.000) 80.000, (90.000) 120.000, 160.000 км (или на 24, 48 и 72 месеци) и во подмачкувачко-контролни операции кои се вршат на (15.000) 20.000, (45.000) 60.000, (75.000) 100.000, (105.000) 140.000, 180.000 км (или на 12, 36 и 60 месеци). Одржувачко сервисните операции кои се специфични за секоја етапа од распоредот во однос на поминатите километри, се дадени во упатството за употреба.
Овие податоци се од општа природа и е можно да не ја покриваат целата потребна работа на вашето возило.