Skip to content Skip to navigation

ПРАВНИ ЗАБЕЛЕШКИ


Услови за користење на страницата
Пристапот до оваа веб-страница подразбира прифаќање на долунаведените одредби и услови. Овие одредби и услови може да се ажурираат и/или изменат во секое време и по желба на Аутомобиле СК без никаква потреба за тоа да бидат известени корисниците.

Пристап до веб-страницата и користење на нејзината содржина
Аутомобиле СК не презема никаква одговорност, од каков било вид, во врска со пристапот на корисниците до веб-страницата или нивната употреба на нејзината содржина.

Содржина на веб-страницата
Сите содржини на веб-страницата (вести, фотографии, видеа, звуци, заштитни знаци, логоа, имиња на домени, апликативен софтвер, графички распоред, техничка документација и прирачници итн.) и правата кои произлегуваат се задржани. Затоа, овие содржини може да се консултираат исклучиво за цели на лични информации, а секоја друга употреба е изрично забранета без претходна писмена согласност од страна на сопственикот.
Иако се користи разумно внимание при собирањето и презентирањето на информациите содржани на оваа веб-страница, не се дава никаква гаранција во врска со нивната точност, комплетност, корисност или нивната можна употреба од страна на корисниците; затоа сопственикот изрично исклучува каква било одговорност за грешки, неточности или пропусти во врска со наведените податоци.
Некои страници на веб-страницата може да содржат информации во врска со идните планови и намери, кои се опишуваат од време на време преку употреба на термини како што се „се очекува“, „се проценува“, „се предвидува“, „проспект“ и „план“. По својата природа, ваквите изјави не вклучуваат никаква обврска од страна на сопственикот, која пак затоа не презема никаква одговорност за нивното спроведување.

Интелектуална и индустриска сопственост
Сите содржини на веб-страницата - вклучувајќи ги заштитните знаци споменати или репродуцирани на веб-страницата, дизајните и патентите кои се однесуваат на производите на веб-страницата  подлежат на правилата за авторски права и други прописи кои се на сила, а се однесуваат на заштита на интелектуалната и индустриската сопственост и затоа, се забранува нивно репродуцирање, менување или користење, во целост или делумно, без претходна писмена согласност од Stellantis Europe S.p.A. или нејзините овластени страни.

Производи и цени

Информации и слики - вклучувајќи ги тука и боите на производите - кои се однесуваат на опремата, изгледот, перформансите, димензиите и тежините, цените, потрошувачката на гориво, оперативните трошоци итн. кои се однесуваат на производите наведени на оваа веб-страница се предмет на континуирано ажурирање и можат да прикажуваат додатоци и опрема која се добива по барање, односно не се дел од стандардната опрема. Затоа, овие податоци треба да се сметаат за чисто индикативни и подложни на грешки или неточности.
Сопственикот може, во секое време, по своја волја, да направи структурни или формални промени на возилата прикажани на веб-страницата или на нијансите на боите или стандардната опрема на возилото.
Цените наведени на веб-страницата не се обврзувачки бидејќи тие се само препорачани.
За ажурирани и навремени информации за производите и цените наведени на веб-страницата, Аутомобиле СК ги повикува корисниците да контактираат со нивните овластени продажни места и дилери.

Одговорност
Сопственикот не презема никаква одговорност за информациите и укажувањата содржани на страниците на страницата. Поточно, истите не содржат ветување кое се подразбира или гаранција во врска со составот, соодветноста за одредени цели на Производите или непрекршување од самите производи, на закони или патенти. Некои линкови до други страници на мрежата може да се појават на нашата веб-страница. Во таков случај сопственикот нема влијание врз конфигурацијата, достапноста, пристапноста и содржината на страниците поврзани со оваа веб-страницата преку линкови и ништо не ја гарантира актуелноста, точноста, комплетноста или квалитетот на информациите содржани на страниците до кои водат тие линкови.
Сопственикот не може да се смета за одговорен за каква било штета, директна или индиректна, вклучително и губење на профит, што произлегува од употребата или неможноста да се користи веб-страницата и нејзината содржин, или страниците поврзани со неа директно или индиректно, како и за пропусти или грешки.