Skip to content Skip to navigation

Хибридни автомобили: еколошки избор. Зошто хибриден автомобил?

Пазарот на автомобили е во постојан развој, а хибриднитe автомобили се значаен дел од иднината, и токму поради има тренд на постојан пораст во цела Европа. Преминот кон хибридна технологија е охрабрен од владите и регионалните администрации во Европа. Овие поволности постојат за да се поттикне употребата на хибридните автомобили, бидејќи кај нив електричниот мотор работи заедно со традиционалниот бензински или дизел мотор, што овозможува значителна заштеда во однос на горивото. Хибридните автомобили ја штитат животната средина, намалувајќи ја потрошувачката и емисијата на CO2 во споредба со традиционалните автомобили.

Чиста и еколошка технологија

За оние кои сакаат да ја почитуваат животната средина, да ја намалат потрошувачката и емисијата на загадувачки гасови, хибридниот автомобил е совршен избор. Тоа е затоа што неговиот мотор со внатрешно согорување е поддржан од електричен мотор. Ова овозможува да се трансформира хемиската енергија на горивото во кинетичка енергија, да се наполни батеријата на електричниот мотор и да се врати енергијата при регенеративно кочење. Меѓу останатото, хибридната технологија не се однесува само на еколошкиот аспект, туку обезбедува и заштеда во економска смисла.


Да се вози  хибриден автомобил не значи само да се даде силен придонес во намалувањето на емисиите на CO2, туку и да се добијат разновидни предности:

1.Намалување на бучавата, бидејќи емисиите на бучава на хибридниот мотор се многу пониски од традиционалните.

2.Градско возење, бидејќи моторот на хибридниот автомобил е одлично прилагоден за кратки релации во хаотичен градски сообраќај.

3.И, леснотијата за одржување на возилото, може да се спореди со онаа кај класичното возило на која сме навикнати да ги подложиме своите автомобили

Помалку загадување, повеќе предности. 

Оние кои бираат хибриден автомобил избираат да трошат помалку гориво и да го намалат загадувањето. Хибридниот автомобил помага да се намалат потрошувачките и трошоците поврзани со нив. Тие, исто така, се многу удобни за возење: бучавата се намалува, а моторот со внатрешно согорување овозможува добри перформанси за растојание.

Сè на сè, предностите да се има хибриден автомобил може да се класифицираат на следниов начин :

Заштеда.
Дел од пресметката на данокот на моторни возила се граничните вредности на CO2 и коефициентите за оданочување по CO2 кои се пониски кај хибридните автомобили.

Мобилност
Во зависност од општинските прописи, за хибридните автомобили е одобрено паркирање во урбаните градски центри без наплата или со намален износ. 

Eкологија.
Хибридните автомобили се еколошки, бидејќи количеството на CO2 што се ослободува во околината е пониско. Присуството на интегрираниот електричен мотор ја ограничува потрошувачката на гориво.

Покрај горе наведеното, се покажа дека возачите на хибридни автомобили се многу порелаксирани од оние кои возат традиционални автомобили.

Хибриден автомобил и plug-in хибриден автомобил

Хибридниот автомобил и plug-in хибридниот автомобил се возила со многу ниски емисии на CO2 и мала потрошувачка на гориво, но тие сепак се разликуваат во начинот на кој функционираат. Автомобилот со plug-in хибриден систем претставува еволуција на хибридниот автомобил и е комбинација од хибриден и електричен автомобил. Plug-in хибридниот автомобил може ефикасно да го користи бензинскиот мотор исто како хибриден автомобил. На овој начин, возачот повеќе нема да се грижи дека ќе остане без електрично напојување при патување на долги растојанија. Воведувањето на „приклучокот“ за полнење (plug-in) ги прави хибридите многу поразновидни. Дополнителниот начин на полнење значи дека не треба да зависите од моторот, што овозможува да ја наполните батеријата дури и од дома и да го користите полнењето следниот ден, зголемувајќи ја автономијата на движење со автомобилот и намалувајќи ја неговата потрошувачка. Вистинската разлика помеѓу хибриден автомобил и plug-in хибриден автомобил е во тоа што на вториот не му треба мотор со внатрешно согорување за да се наполни, туку може да користи надворешен извор на електрична енергија.

Заштитник на околината

Хибридниот автомобил е најдобриот избор за оние кои бараат функционален и еколошки автомобил. И не само тоа, туку може да се каже дека хибридот е вистински сојузник на природата, многу повеќе од традиционалните автомобили. Кај хибридните автомобили, штетните емисии се сведени на минимум, бидејќи нивниот мотор е поддржан од електричен мотор и поради оваа причина е повеќе еколошки од традиционалниот мотор. Намалувањето на емисиите на CO2 од цевките на издув е пропорционално на намалувањето на потрошувачката на гориво што го дозволува хибридниот систем. Совршената комбинација на електричен мотор и бензински мотор резултира со неверојатно ниски емисии за семеен автомобил. Кога сите автомобили би биле хибридни, секоја година би се избегнале 247 милиони тони емисии на CO2 во атмосферата. Присуството на интегрираниот електричен мотор ја ограничува потрошувачката на гориво неопходна за термичкиот мотор. Хибридната технологија ја прави разликата особено во градското возење, каде што вториот тивок мотор со нулта емисија на гасови станува вистински заштитник на животната средина.

Сè позелена иднина

Електрификацијата отсекогаш била во замислите на Групацијата ФКА (Фиат Крајслер Автомобили). Фиат дефинитивно игра фундаментална улога во електрификацијата, нудејќи цела гама на хибридни автомобили.

Mild Hybrid, што во превод значи „благ хибрид“, моторизација осмислена да влезе во секојдневниот живот на луѓето. Стапувањето на сцена на  Mild Hybrid, значително ја намалува електричната единица што ќе биде вградена на местото на алтернаторот. Неговиот мотор обезбедува поголема почит кон животната средина, придонесувајќи за понатамошно намалување на емисиите на CO2 во животната околина. Но, Mild Hybrid е исто така погоден од економска гледна точка, имајќи предвид дека може да обезбеди заштеда која, кога ќе се собере, изнесува и до дваесет проценти помалку.

Одржлива иднина

Електрификацијата отсекогаш била дел од планот: од Фиат до Фиат Крајслер Автомобили, па сè до Стелантис, електричната мобилност секогаш била предвидена.

Дури и пред лансирањето на Fiat 500e, првото целосно електрично возило на марката, целта беше да се произведат автомобили способни да ја внесат електрификацијата во секојдневниот живот на сите. Силата на хибридниот пристап на Фиат е во неговата способност да ги сфати придобивките од електрификацијата и да ги комбинира со традиционалната мобилност, која вклучува мотори со внатрешно согорување (ICE).

Hybrid според Фиат

Во 2020 година, Фиат лансираше два хибридни модели: Panda Hybrid и 500 Hybrid. Овие возила ја постигнаа целта: да се обезбеди прв контакт со возачите кои во Европа допрва треба да ги искусат предностите на електричната мобилност од прва рака. Овие два модела, кои своите имиња ги должат на моќниот 12V стартер мотор (BSG), го отворија патот за широк спектар на целосно електрифицирани возила на Фиат. Архитектурата на BSG ја постигна својата цел: да ги донесе опипливите придобивки од електрификацијата за сите кои возат. Електричниот мотор му помага на моторот со внатрешно согорување, така што обезбедува понепречено и потивко возење: исто така, нуди поголема моќност при забрзување од место и во движење. Ова ја прави функцијата Start&Stop послеана, при тргнување на семафори или во густ сообраќај и овозможува да се намали потрошувачката на гориво и емисијата на CO2.

Во 2022 година, Фиат ги постави темелите за електрификација на гамата со два нови хибридни модели: Tipo и 500X. Две возила - икони, кои ги задоволуваат потребите на оние кои имаат потреба од пространи и сестрани автомобили секој ден. Благодарение на најсовремената технологија, која го комбинира стартниот мотор од 12 V со електричниот мотор од 48 V, способен да испорача моќност од 15 kW, Tipo и 500X ги уживаат предностите на електрификацијата од различни гледни точки.

Прво, хибридната архитектура нуди значително намалување на емисиите. Исто така ја намалува потрошувачката за 10%. Хибридниот мотор на Фиат е одличен и за околината и за сечиј паричник. А тоа е само почеток.

Во споредба со бензинецот 1.0 од 120 КС кај Tipo и 500X електричниот мотор е инсталиран помеѓу моторот и менувачот. Ова е од суштинско значење за уживање во сите придобивки и силата на електрификацијата без губење на удобноста и сензациите типични за традиционалниот мотор. 15 kW генерирани од електричниот мотор овозможуваат многу потивко стартување и послеани преминувања со Stop&Go и послеано менување брзини, што резултира со значително послеано возење. Потоа, при мали брзини и за ограничен временски период, овозможува движење само на струја.


За разлика од plug-in хибридните модели, новиот хибриден мотор не бара никаква електрична мрежа. Батеријата на возилото се полни на два начина. Без каква било интервенција од возачот, електричните компоненти ја обновуваат енергијата за време на фазата на e-coasting, односно движење кога ќе ослободи педалот за гас. Или благодарение на регенеративното кочење, кое му овозможува на моторот да го искористи негативниот вртежен момент што се создава кога автомобилот застанува. Кај хибридните возила, електричниот мотор ги оптимизира перформансите и искуството на возење со традиционален мотор: при забрзување, моќта од 15 kW веднаш го пренесува целиот вртежен момент до тркалата, нудејќи моментален поттисок, додека кочењето го прави многу поефикасно и постепенувано.

Од горенаведените карактеристики произлегуваат четири ексклузивни функции, кои се во сериска опрема на сите хибридни возила:

E-Creeping:  кога батеријата е доволно наполнета и возачот не забрзува, возилото се движи само со електричен мотор.

E-Launch:  кога батеријата е доволно наполнета, возилото почнува да го користи само електричниот мотор.

E-Queuing:  совршена за прометни патишта. Кога батеријата е доволно наполнета, возилото може да ја користи функцијата Stop&Go во комбинација со функцијата E-Creeping.

E-Parking:  кога батеријата е доволно наполнета, за време на сите маневри за паркирање во прва брзина и при движење наназад, автомобилот се движи само со електрично напојување.

Овие функции секојдневно им овозможуваат на возачите лесно да пристапат до предностите на електрификацијата и претставуваат дополнителен чекор напред кон целосната електрификација на гамата на Фиат.

Иднината делува позелена и посветла зад воланот на еден од овие електрични автомобили.

metano

500X HYBRID

gdfg

metano

PANDA HYBRID

gdfg