Skip to content Skip to navigation

Торино, 1899

Историја на една од најдолговечните марки во светот.

ОТКРИЈ ЈА ИСТОРИЈАТА

Икона на италијанската мобилност

Кратенката F.I.A.T. Значи: Fabbrica Italiana Automobili Torino – Италијанска Фабрика за Автомобили  Торино, но името ФИАТ кажува многу повеќе. Основана во 1899, торинската фирма, низ годините, стана симбол на работничката Италија, реалност која засекогаш ја промени земјата и историјата на светската мобилност. Личноста на семејството Ањели, генијалноста и проектантската визија на Данте Џакоза и далекувидоста на Виторио Валета. Проширувањето кон Соединетите држави и Русиј, но и присуството во Торино со Лингото и Мирафиори. Првиот автомобил Fiat 3 1/2 HP, незаборавното "Topolino", иконскиот 500, но и останатите камен-темелници како што се 600, 124 и секако Panda. Раст на фирмата, спојувања и купувања. Преку 120 години исполнети со настани, личности, еволуција на местоположба на фирмата и, секако, автомобили: долга историја, раскажана на интернет-страницата на FCA Heritage (Наследството на ФКА).

РАБОТИЛНИЦА ЗА КЛАСИЧНИ АВТОМОБИЛИ

FCA Heritage на сите сопственици на класични автомобили и колекционери на автомобили Фиат од времето им нуди услуги директно од матичната Куќа.

Добивај податоци за производството на твојот автомобил – преземи ги регистрите зачувани во Историскиот центар на Фиат – и побарај Сертификат за потекло. Довери го твојот Фиат автомобил на експертскиот тим на FCA Heritage за да ја потврдиш оригиналноста, преку  Сертификатот за автентичност, или пак побарај интервенции за поправка и Реставрација.

Разгледај ги услугите
 
 

Reloaded by Creators - Повторно поставено од креаторите

Автомобилите Фиат од времето припаѓаат на колективното сеќавање, реставрирани и со сертификат од eкспертите на FCA Heritage, се враќаат на пазарите во ограничен број.

Биди и ти сопственик на автомобил Фиат од времето за кој си сонувал, купувајќи го директно од матичната Куќа. Разгледај ги автомобилите кои се на располагање во излогот на проектот Reloaded by Creators.