Skip to content Skip to navigation
Торино 26 септември 2023

Abarth 595: “малиот, но агресивен” наполни шеесет години

  • Откриен во септември и официјално претставен на јавноста на Саемот во Торино во 1963, Fiat-Abarth 595 веднаш ја освои јавноста и печатот.
  • Сега се на располагање два модели и две нивоа на моќност, Abarth 595 и Abarth 695, кои нудат перформанси од кои се ежиме, громогласен издув, атрактивен, но храбар стил и, се разбира, забава при возењето. 

  • Пред шеесет години, во септември 1963 година, Карло Абарт на светот му го претстави Fiat-Abarth 595. Врз основа на Fiat 500 D, модел кој стануваше сè повеќе и повеќе успешен од 1961 година, новиот Fiat-Abarth 595 го доби своето име од неговата работна зафатнина, која беше зголемена благодарение на работата врз цилиндрите и клиповите и нивните целосно нови материјали

    Однадвор се разликуваше од Fiat 500 D по неговата впечатлива перфорирана предна решетка од типот 850TC, сјајниот метален натпис „Fiat Abarth 595“ на задниот дел и хаубата и титулата за гордост  „World Champion“ на десната страна, која се однесуваше на многуте рекорди што ги држеа креациите на Работилниците од Корсо Марке. Тркачката душа на моделот беше дополнително истакната со преголемото алуминиумско капаче на резервоарот за масло што штрчеше под задната маска и, пред сè, со спортскиот катализатор со двоен излез од типот „Record Monza“. Резултатот беше мал, но особено агресивен и бучен автомобил кој имаше 30% поголема моќност од оригиналната верзија, 27 КС при 5.000 вртежи во минута и максимална брзина од 120 км.

    Всушност, Абарт зема еден успешен градски автомобил, 500D, и од него направи успешен автомобил со високи перформанси. Марката Абарт го примени истиот рецепт и последниве месеци за да го создаде Новиот Abarth 500e, кој произлезе од моделот на Фиат Нов електричен 500, електричен градски автомобил, најпродаван во Европа.

    Еден месец подоцна, на 31 октомври 1963, моделот 595 ѝ беше претставен на јавноста на Саемот во Торино. Абарт, како експерт во бизнисот со мотори, одлучи да се истакне нудејќи им на посетителите кои ги преполнуваат павилјоните на изложбата во Торино купон за попатно тестирање на новото пристигнување. Иницијативата беше толку успешна што Карло Абарт изјави дека наскоро ќе бидат произведени првите 1.000 Fiat-Abarth 595 наменети за спортска хомологација.

    Како природна еволуција на 595, на Саемот за свтомобили во Женева, во март 1964 Карло Абарт го претстави Fiat-Abarth 695, следејќи го истиот концепт за техничко надградување, кое наскоро ќе стане камен-темелник на традицијата Abarth. Следствено, феноменот на комплети за трансформација овозможи да се донесат главните, основни подобрувања Abarth на сериските автомобили на Фиат, трансформирајќи ги како во поглед на механиката, така и естетски.

    Вредностите на перформансите и стилот промовирани кај врвните претходници и денес се составен дел од наследството на гамата Abarth, која, покрај новиот Abarth 500e, ги вклучува и Abarth 595 со 165 КС и Abarth 695 со 180 КС, со уште повисоки перформанси. Двата модели нудат возбудливи перформанси, громогласен издув и атрактивен, но храбар стил.

    Денес, успехот на двата модели потврдува дека и по шеесет години, вредностите кои Карло Абарт ги всадил во неговите креации сè уште се исклучително актуелни и живи меѓу љубителите на марката на Скорпијата.