Skip to content Skip to navigation
Торино, 14 јуни 2024 година

Grande Panda: новиот глобален модел на FIAT

FIAT е еден од најдолговечните производители на автомобили, глобална марка која може да се гордее со повеќе од еден век историја и кој оваа година слави 125-годишнина. Историјата на FIAT е полна со успеси, рекорди и лидерство, и постојано ставајќи ги своите клиенти на прво место. По повод оваа значајна годишнина, FIAT ја претставува новата Grande Panda и им нуди на своите клиенти ширум светот нов глобален модел, совршен за семејствата и за современиот урбан контекст.

Оливие Франсоа, генерален директор на FIAT e глобален маркетинг директор на Стелантис, изјави: “Најдобар начин да ја прославиме 125 годишнината на FIAT е да ги пишуваме страниците на нашата иднина, почнувајќи со новата Grande Panda. Дизајнирана во Торино од страна на нашиот Стилски центар, новиот автомобил FIAT ги отелотворува вредностите на оригиналната Panda. Со цел да се консолидира глобалното присуство на марката, овој компактен автомобил се заснова на глобална платформа. Благодарение на Grande Panda, FIAT го започнува преминот кон заеднички глобални платформи кои допираат до сите региони во светот, пренесувајќи ги придобивките што произлегуваат од тоа на своите клиенти ширум светот. Всушност, Grande Panda е идеална за семејства и за урбана мобилност во секоја земја... тоа е вистински FIAT!”

Grande Panda е првиот модел на новото семејство, а по него секоја година ќе следи лансирање на ново возило до 2027 година. Новата серија на модели е дизајнирана за да ги освои патиштата насекаде во светот и да ја комплетира гамата на марката. Иновативниот проект на марката се состои од создавање возила на истата глобална мултиенергетска платформа за паметни автомобили, достапна во секој регион во светот, и која ѝ овозможува на марката да создаде различни возила кои одговараат на подеднакво различните потреби на клиентите.

Fiat Grande Panda: дизајнирана во Италија, за светот

Дизајнирана во Италија во Стилскито центар во Торино, Fiat Grande Panda се издвојува од другите автомобили од Б-сегментот по својата единствена компактност, со должина од само 3,99 метри - помала од просекот во сегментот од 4,06 метри - и се карактеризира со едноставни линии и добро организиран капацитет благодарение на неговиот компактен волумен. Новиот модел може да собере до пет лица и е совршен за денешниот семеен живот и урбаната мобилност. Волуменот изгледа робустен и структуриран, а неговата сила е во оригиналноста, додека динамичниот и импресивен дизајн на каросеријата е генериран од многу затегнати профилни линии. Проектот Grande Panda беше замислен да ѝ овозможи на марката да се проектира себеси во иднината преку иновативно и интелигентно користење на просторот, има кул персоналност и елементи што изненадуваат.

Надворешноста на новата Fiat Grande Panda се одликува со посебна комбинација на структурирани линии и меки, но решителни површини, кои ги истакнуваат робусните лакови на тркалата. Понатаму, „италијанскиот дух“ на новата Fiat Grande Panda се издвојува преку иконскиот италијански дизајн, синоним за убавина. Компактниот автомобил ќе биде достапен со светли бои на каросеријата, како на пример жолтата.

Изгледот на предниот дел се одликува со компактен волумен на нова препознатлива персоналност. Прецизните правоаголни линии се распоредени прогресивено на квадратна мрежа што создава забрзана и силна графичка шема, генерирајќи еден вид точки на пиксели што се протегаат од центарот на сјајната црна горната решетка до фаровите.

Присуството на оплата во долниот централен дел на браникот го нагласува UV ставот, додека предните светла, составени од опални коцки, се инспирирани од прозорците на фасадите на фабриката во Лингото. Покрај оригиналниот потпис на светлосната група, дневните светла се трансформираат во трепкачи и осветлуваат некои од коцките кои се појавуваат како хоризонтални пиксели распоредени во шаховска табла.

Странично, конфигурацијата на Fiat Grande Panda потсетува на робусноста на Panda од 1980-тите, со неоспорна привлечност, благодарение на динамиката на патничкиот простор и стаклените површини. Поставувањето на каросеријата и патничкиот простор во облик на клин е нагласено со шипките на покривот кои ја поместуваат највисоката точка на гледање кон задниот дел. Како почит на класичната Panda 4x4, Fiat Grande Panda има 3D печатени релјефни букви на вратите кои ја рефлектираат околината и го оживуваат долниот дел од страната. Понатаму, робусниот столб „C“ верно го репродуцира непогрешливиот нагиб на аголната поврзаност во однос на вертикалниот волумен на задниот дел. Црното квадратнт лого е поврзано со стаклената графика, со што помага да се генерира во исто време сугестивен ефект на саќе, трансформирајќи ги четирите букви на FIAT во четири ленти.

Робусните поткрила на тркалата му даваат смел карактер на задниот дел на автомобилот, изразен и со нагибот кон прозорците, целокупната поставеност на задното стакло, предните светла и оплатата даваат заштитен и стабилен изглед и добар изглед на подлогата. Уште еден знак на почит кон оригиналната Panda е сјајната црна рамка со тридимензионалните букви на Panda, елемент кој истовремено го зголемува волуменот на автомобилот. Конечно, за да се зачува темата на геометриите од 80-тите во комбинација со футуристичкиот стил, тука се 17“ алуминиумски тркала со дијамантска форма, засилени со привлечен и стилизиран X дизајн.

Почнувајќи од сегашноста, новата Fiat Grande Panda настојува да ја обликува иднината преку својот нов и посебен стилски израз. FIAT има за цел да им обезбеди на клиентите ширум светот уникатен автомобил кој ги изразува сите вредности на марката преку препознатливиот дизајн.