Skip to content Skip to navigation
Торино, 4 јули 2024

Среќен роденден Fiat 500: 67 години легендарен италијански дизајн

Како традиција ФИАТ, на 4 јули го прославува роденденот на иконата Fiat 500. Ова од почеток до крај италијанско ремек-дело ја одбележува моторизацијата на Европа во 1950-тите и 67 години го отелотворува чистиот италијански гениј и суштината на Слаткиот живот - Dolce Vita .

Fiat 500 беше проектиран од Данте Џакоза за да биде компактен и економичен автомобил наменет за широките народни маси, и многу брзо стана камен-темелник во обновата на италијанската економија по Втората светска војна. Дизајнот на Џакоза многу брзо постигна успех и го зацементира автомобилот и неговата естетика како инкарнација на икона на италијанската култура и креативност. И денес ова наследство останува непроменето. Како што се прославува во видеото “Среќен роденден 500!”, и без име, без лого, без знаме или какво и да е друго обележје, Fiat 500 е веднаш препознатлив.

Неговиот иконски дизајн и траен дух на Слаткиот живот може да произлезат само од италијанскиот генијален ум и мајсторијата на ФИАТ, продолжувајќи така да носи радост на вљубениците низ целиот свети и симболизирајќи ја безвременската суштественост на италијанската креативност.

Низ изминатите 67 години, Fiat 500 и неговите три генерации беше обликуван од различни личности. Првата генерација, во 1960-тите, понуди мобилност и слобода, стана вистински културен феномен и се етаблира како омилена марка. Со втората генерација, лансирана во 2007 година, Fiat 500 го пренесе низ светот концептот на свежина и шарм на градските автомобили, и стана икона на модата и стилот, којашто го освои светот. Во 2020 година беше претставена третата генерација, 500e, која направи револуција во одржливата градска мобилност со својот спој на шарм, иновации и напредна технологија.

Од неговото деби во 1957 година, над 7,5 милиони автомобили Fiat 500 се продадени ширум светот. Така, овој прекрасен автомобил го зацврсти својот статус на иконско возило вкоренето во свеста на генерации возачи од различни возрасти, вкусови и националности. Тајната на неговиот глобален успех лежи во неговата континуирана еволуција, истовремено останувајќи доследен на сопствениот суштински идентитет. Сведоштво за ваквата посветеност се и бројните специјални изданија воведени низ годините, а секое од нив придонесува за неговата постојана привлечност и значење во културата.

По повод годишнината, ФИАТ продолжува гордо да ја претставува Италија во светот. Следниот Fiat 500 Hybrid, чие претставување се очекува кон крајот на 2025 или почетокот на 2026 година, ќе се произведува токму во историската фабрика Мирафиори во Торино. Овој хибриден модел ќе му се придружи на популарниот Fiat 500e, проектиран со развиена прецизност и дизајниран токму во Мирафиори. Инаку, 500e е достапен ширум светот, се продава во 48 земји, и од неговото лансирање е лидер во сегментот A BEV во Европа, каде 4 од 10 градски автомобили BEV се Fiat 500e и има освоено 43 меѓународни награди во 10 различни земји.