Skip to content Skip to navigation

    500 + 100 = СОВРШЕНО ЕДНОСТАВНА ФОРМУЛА ЗА ТЕБЕ!

    Има повеќе од 100 добри причини за да се испроба вистинскиот Сладок живот – Dolcevita и да се доживее возачко искуство на кое му нема рамно. Најдоброто од технологијата, иновацијата, удобноста, стилот и италијанското, сè зад воланот на новиот FIAT 600 . Кај новиот 600 ќе најдеш +простор, +комфор, +сестраност, +функционалност, + Dolcevita и, секако, +слобода, бидејќи со електричната верзија можеш да имаш автономија до 400 km* комбинирано според WLTP или кај хибридната верзија да имаш потрошувачка од 4,8 l / 100 km. Додај го и ова во твојот живот: влези во твојот Fiat 600 и запознај ги +100 екстра функционалности кои ги поседува. 

     

    MÁM FIAT

    НОВИОТ FIAT 600 HYBRID

    Моторот MHEV кај новиот Fiat 600 Hybrid нуди исклучително пријатно искуство при возењето, обезбедувајќи удобност и перформанси. Тајната на перформансите на Fiat 600 Hybrid лежи во синергијата помеѓу 3-цилиндричниот мотор со внатрешно согорување, литиум-јонската батерија и новиот автоматски 6-брзински менувач со двојна спојка e-DCT.

    „Екстра“ електричната моќност ја подобрува еластичноста при ниски вртежи и при стартување, гарантирајќи му на возачот тивко стартување и брза реакција, со неприметни и брзи преноси. Oваа технологија овозможува и враќање на енергијата додека возилото забавува.