ГАРАНЦИЈА
УСЛУГА ЗА ПОМОШ НА ПАТ
FIAT нуди услуги за поддршка за помош на пат (во долунаведените земји и согласно методите кои важат во истите) за време на целиот период во времетраење на гаранцијата на возилото. Клиентот може да ја користи услугата само доколку настанот се случи во важечкиот гарантен рок од договорната гаранција и под услов возилото редовно да ги врши предвидените сервиси наведени, потврдени во Сервисната и Гарантна книшка доставена со возилото (наведени и во Упатството за употреба).
Помош на пат / (Мобилна работилница / сервис): на лице место; *
Влечна служба / шлепување: до најблискиот овластен сервис; *
Заменско возило: до 4 дена, услугата може да се продолжи само со одобрение добиено од страна на овластен сервис; *
Трошоци за продолжување на патувањето:
- - јавен транспорт, воз или авион од економска класа доколку растојанието надминува 500 км*
- - услугата не е достапна за дефекти предизвикани од корисникот и истата не може да се комбинира со услугата заменско возило*
Такси: до максимум 120 евра во денарска противвредност. Услугата не е достапна за дефекти предизвикани од корисникот; *
Враќање дома: јавен транспорт, воз или авион од економска класа доколку растојанието надминува 500 км; * Услугата не е достапна за дефекти предизвикани од корисникот и истата не може да се комбинира со услугата заменско возило; *
Хотелско сместување: Максимум 4 ноќи во хотел до 3 ѕвезди и максимален износ од 800 евра за возило со МВС и ХИБРИД или 1000 евра за возило БЕВ*. Услугата не е достапна за дефекти предизвикани од корисникот и не може да се комбинира со услугата заменско возило;
Преземање на поправеното возило: во максимален износ до трошоците на патен превоз на корисникот или негов возач во еден правец за самојстојно преземање на возилото, за преземање на возилото е достапен јавен транспорт, воз или авион доколку растојанието надминува 500 км. * Оваа услуга не може да се комбинира со услугата заменско возило; *
Преземање на непоправено возило во странство: Услугата е достапна само во случај доколку возилото не може да биде поправено во рок од 5 работни дена и тоа исклучиво во Овластен сервис каде што било првично пренесено.* Оваа услуга следи само во случај на механички или електронски дефект на возилото. Не важи за дефекти предизвикани од корисникот на возилото или пак сообраќајна незгода;*
Бидете подготвени да ги дадете следниве информации на Центарот за повици на FIAT:
- - прецизна локација на возилото: градот, името и бројот на улицата, бројот на патот и делницата, визулна ознака и друго;
- - податоци за возилото: бројот на регистрација или идентификацискиот број на возилото (VIN / број на шасија) што може да се види на сообраќајната книшка или на долната лева страна од ветробранското стакло( од надворешната страна на возилото);
- - вашиот мобилен телефонски број за да може советникот за помош на пат да контактира со вас;
- - бројот на патници во возилото.
Службата за помош на клиенти е достапна 24 часа на ден, секој ден во годината.
Доколку имате потреба од услугите кои се обезбедени, треба да се јавите на еден од телефонските броеви дадени подолу, за марката на возилото кое го поседувате:
За да пристапите до услугата од Македонија, откако ќе го завртите телефонскиот број, треба да ја изберете опцијата „Помош на пат“; ако пристапувате до услугата од странство, треба да ја изберете опцијата “Меѓународни услуги“ и да го одберете Вашиот јазик.
Универзалните телфонски броеви се бесплатни за повеќето повици од фиксни и мобилни телефонски мрежи од Македонија. Повиците од одредени мобилни телефони и јавни телефони во некои европски земји може да се наплаќаат согласно ценовникот на телефонскиот оператор. Ве молиме, проверете кај операторот пред да се јавите.
(1) Услугата е достапна во следниве земји: Албанија, Алжир, Андора, Австрија, Азербејџан, Белорусија, Белгија, Босна и Херцеговина, Бугарија, Република Чешка, Хрватска, Кипар, Данска, Естонија, Египет, Фарски Острови, Финска, Франција, Германија, Гибралтар, Грција, Унгарија, Исланд, Ирска, Израел, Италија (вклучувајќи го и градот-држава Ватикан), Јордан, Казахстан, Летонија, Либија, Лихтенштајн, Литванија, Луксембург, Косово, Македонија, Малта, Молдавија, Монако, Црна Гора, Мароко, Холандија, Норвешка, Палестина, Полска, Португалија (вклучувајќи ги Азорските Острови и Мадеира), Романија, Русија, Сан Марино, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија (вклучувајќи ги Балеарските и Канарските Острови, Мелила и Сеута), Шведска, Швајцарија, Тунис, Турција, Украина, Обединетото Кралство (вклучувајќи ги и Каналските Острови).
Услугата не е достапна во земји што се во војна.
(2) Организацијата на помош на пат што не е извршена од услугите на, FIAT, со Ваши средства е строго регулирана. Услугите за коишто можеби сте платиле може да се надоместат само со доставување на оригинални фактури за хотелски трошоци, билети за воз, автобус или авион, ограничени со условите што се наведени погоре, за овластен член на мрежата на FIAT. Дополнително, нема да се надомести за неискористените услуги FIAT.
* Во зависност од локацијата.