Skip to content Skip to navigation

    TIPO CROSS

    За да имаш голем cross дух, истовремено треба да бидеш и силен и смел. Cross е најексклузивната и најкомплетната верзија на Fiat Tipo, врв на гамата која го соединува максималниот комфор со технологијата, не заборавајќи ги спортските карактеристики.

    INSPI(RED) BY HUMAN NATURE

    СЕМЕЈСТВОТО Е НАШАТА ИНСПИРАЦИЈА

    (RED) и Fiat, уникатна соработка создадена за справување со итни настани поврзани со здравјето, како што се пандемиите, при која со купување на автомобил од семејството на Fiat (Tipo) RED, ја прави оваа серија најетичка и најпосебна. (RED) е организација која поддржува итни постапки при глобални здравствени настани, како што се СИДА и КОВИД: секој пат кога се купува производ (RED), се активира донација во глобалниот фонд за поддршка на низа услуги како што се превенција, третман, советување, тестирање, образование и помош на заедниците на кои им е најпотребна. Ете зашто со гордост се придруживме на ова движење и го создадовме (FIAT) RED семејството: за да секој купувач се  чувствува како дел од овој конкретен гест*. Седиштата на Fiat (Tipo) RED Hatchback и Station Wagon се направени од SEAQUAL® MARINE PLASTIC**, одржлива суровина која ја следи организацијата SEAQUAL® INITIATIVE, а се добива од отпадот собран од морињата и океаните. Понатаму, седиштата и воланот се третирани со биоцидна супстанца со високо ефективно дејство (> 99,9% во моментот на третирање) против бактерии и габи, со долготрајна заштита***).


    Fiat, Jeep и RAM се обврзаа, преку партнерството со (RED) и преку него, да донираат минимум 4 милиони долари на Глобалниот фонд помеѓу 2021 и 2023 година за да помогнат во борбата за справување со итни настани поврзани со здравјето како СОВИД-19 и СИДА. Секое (FIAT) RED возило е (RED) производ и е дел од оваа обврска.