Skip to content Skip to navigation

Најтехнолошката Fiat Panda досега

Со долга и успешна историја зад себе, која датира од 1980 година, иконата Fiat Panda веќе четириесет и четири години е лидер на пазарот, со продадени над 8 милиони автомобили во Европа, од нејзиното воведување на пазарот.

Fiat Panda, автомобилот кој Италијанците најмногу го сакаат и кој е симбол на Made in Italy, од 2011 година се произведува во фабриката во Помиљано д’Арко, каде до денес се произведени речиси 2 милиони примероци.

Направен е значаен напредок во однос на безбедноста и технологијата, бидејќи новата Fiat Panda сега располага и со нови системи за помош при возење (ADAS), нова дигитална контролна табла и нов волан. Достапна со хибриден мотор од 1.0 со 70 КС, новата Panda доаѓа во две различни верзии: основната верзија на Panda, совршена за да ги задоволи потребите на сите клиенти, и најдоброто во гамата Pandina, базирана на body cross, со порешителен изглед.

 

Најтехнолошката Panda досега
Новата гама на Panda вбројува значаен напредок на системите за помош при возење - ADAS, при што во стандардна опрема се вклучени нови функции дизајнирани да му помогнат на возачот и во град и надвор од него: автономно кочење при ненадејна препрека за избегнување или намалување на последиците при судири, во градскиот сообраќај; предупредување при излегување од коловозната лента и детектор за замор кај возачот и предупредување. Тука е и системот за читање на ограничување на брзината, кој ги детектира и препознава сообраќајните знаци со нивно прикажување на новата целосно дигитална инструмент-табла од 7“. Преминувајќи од безбедност кон практичност, задните сензори за паркирање обезбедуваат максимално едноставни маневри при паркирање на преполните градски улици, додека новиот темпомат - достапен во основната верзија со City Pack и стандарден кај Pandina - ја одржува поставената брзина, почнувајќи од 30 km/h, без да мора да го притиснете педалот за гас. Понатаму, автоматските долги светла (стандардни кај Pandina) автоматски го прилагодуваат осветлувањето според условите во сообраќајот, што го олеснува возењето ноќе за возачот. Повеќето функции се управувани преку камерата поставена на предното стакло, во основата на внатрешниот ретровизор. Стандардната безбедносна опрема ја комплетираат 6-те воздушни перничиња.

Внатрешноста е збогатена и со нова дигитална контролна табла од 7'' co три различни можности за графика и нов волан.

Врвната верзија на гамата, Fiat Pandina, е опремена со сосем ново DAB радио со екран на допир од 7“инчи со Apple CarPlay и Android AutoTM. Од дизајнерска гледна точка, се одликува со нова облога на контролната табла обоена во бела боја и нови седишта со втиснат монограм и лого „Pandina“, двојни жолти шевови, бели детали и штоф Seaqual што содржи одржлива и суровина во целост добиена од морскиот отпад.

Надворешноста е збогатена со разиграни детали како што се лицето на мала панда на центарот на тркалото, контрастно обоена странична рамка со логото на Pandina и натпис „Pandina“ на третото задно стакло.

Во линија со стратегијата на ФИАТ – „Нема веќе сиво“(“no more grey”), новата гама е на располагање во нови бои, меѓу кои жолта, бела, црна, црвена и сина. Покрај овие, новата Fiat Pandina е достапна и во зелена боја, а во случај на бела или црна каросерија, надворешноста е збогатена со контрастни жолти држачи на ретровизорите кои одговараат на жолтите детали на логото на Pandina на страничната рамка.